Борусија Дортмунд го задржа стопроцентниот ефект на домашен терен од стартот на сезонава откако „милионерите“ славеа на вечерашниот дуел со Сент Паули со минимални 2-1.
Станува збор за меч на кој Борусија важеше за голем фаворит, но европскиот вицешампион се соочи со неочекувани проблеми против гостинот кој одлично се бранеше, а потоа кога Бенсебаини погоди за 1-0 со прецизен удар со глава, тимот на Сент Паули успеа да се врати и да израмни.
„Милионерите“ сепак вечерва го слават Жираси, летното засилување од Штутгарт блесна кога беше најважно и со прецизен удар со глава донесе триумф од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА