Тимот на Борусија Дортмунд после две сезони, најверојатно ќе се откаже од услугите на германскиот репрезентативец Никлас Зиле. Зиле во 2022 година дојде во Дортмунд од Баерн Минхен во еден неочекуван расплет на настаните, бидејќи обично играчите одат обратно – од Дортмунд кон Минхен.
Зиле добро ја стартуваше својата мисија во Дортмунд, но во оваа сезона, а особено во пролетниот дел се помалку добива шанса. Германските медиуми пишуваат дека Борусија Дортмунд не е задоволен од залагањето, но и од професионализмот на Зиле кој има и покачени килограми, и од тука голема е веројатноста да се најде на трансфер листа.
Сепак, проблем може да биде неговата плата и договорот кој го има со „милионерите“. Борусија ќе сака од него да заработи барем 20 милиони, ако најде клуб кој ќе може да ги задоволи неговите примања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА