Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Халер одбива да си замине од клубот, и покрај тоа што „милионерите“ сакаат да го продадат со перманентен трансфер ова лето. Играчот кој минуваше како позајмен во Легањес и во Утрехт во минатата сезона, ова лето се врати кај „милионерите“.
Откако ја победи тешката болест, Халер не е во плановите на Борусија Дортмунд, и сега се бара купувач за него. „Милионерите“ се подготвени да го продадат за 5 милиони евра, а го купи во 2022 година од Ајакс за 31 милиони.
Халер во минатото беше дел од Ајнтрахт Франкфурт, Вест Хем. Во 2022 година, веднаш по доаѓањето во таборот на Борусија, му беше дијагностициран рак на тестиси. Тој беше надвор од терените шест месеци, и потоа се врати и со Борусија се бореше за титулата, но ја загуби во последното коло откако тимот одигра само 2-2 против Мајнц, и така трофејот замина во Минхен.
Утрехт, каде што беше на позајмица минатата сезона, беше во преговори за перманентен трансфер, меѓутоа преговорите пропаднаа поради високите барања на играчот. Анталијаспор од Турција е заинтересирана, но прашање е дали ќе има можност да ги исполни неговите високи плати, па затоа играчот од Брегот на Слоновата коска инсистира да го одработи до крај договорот, кој е до јуни 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

