Борусија Дортмунд би можела да го засили нападот со португалскиот интернационалец Фабио Силва, кој во моментов е дел од Вулверхемптон. Станува збор за 23-годишен играч кој во минатото беше дел од Порто.
Меѓутоа неговата епизода во Вулверхемптон не минува како што се очекуваше. Тој мина дури на четири позајмици во последните пет години, во Андерлехт, ПСВ, Глазгов Ренџерс и Лас Палмас.
Вулверхемптон за Сивла бара 25 милиони евра, што не е неочекувана сума, со оглед дека „милионерите“ беа подготвени да дадат 10 милиони помалку. Токму тоа е најголемата пречка за трансферот на овој играч, кој треба да биде замена за првиот стрелец на екипата, Серху Гираси доколку тој не може да игра од различни причини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

