Германските гиганти Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, се заинтересирани за 17-годишниот фудбалер на Андерлехт, Натан де Кат. Станува збор за играч од средниот ред, кој дебитираше минатата сезона за беглискиот клуб.
Во минатата сезона одигра 14 меча, постигна еден гол и запиша две асистенции.
Де Кат, кој важи за еден од најголемите таленти во Белгија, има договор со Андерлехт до 2027 година. Настапува за младите белгиски селекции. Неговата вредност во моментов се проценува на 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

