Борусија Дортмунд и Баерн Минхен во „битка“ за германски талент

Најголемите германски клубови во моментов Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, се заинтересирани за еден ист играч, и се очекува во следните години да водат „војна“ за да го ангажираат.

Станува збор за играчот на Келн, Саид Ел Мала, кој го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во повратникот во Бундеслигата. Ел Мала има 19 години, игра како крилен напаѓач и аналитичарите во Германија му предвидуваат светла иднина.

Овој фудбалер оваа сезона одигра шест натпревари и постигна два гола, а во минатата сезона беше на позајмица во Викторија Келн, каде на 32 меча постигна 13 голови. Висок е 187 сантиметри, а веќе има настапи за младите селекции на Германија. Неговото потекло е од Либан.

Се вчитува...