Борусија Дортмунд и Лајпциг убедливи во Купот на Германија

Фаворитите немаа проблеми на денешните средби од Купот на Германија, па така Борусија Дортмунд рутински славеше со 1-4 на гостувањето против Феникс Либек. Дефанзивецот Антон постигна гол по само три минути игра на своето официјално деби за „милионерите“, следеше гол од пенал на Емре Џан, а по него меѓу стрелците се запишаа и Брант и Дуранвил.

Лајпциг како гостин го совлада третолигашот Есен со 1-4, меч на кој Елиф Елмас не настапи поради повреда. Во главна улога беше Чави Симонс со гол и асистенција, деби со гол за Лајпциг имаше и норвешкиот тинејџер Нуса, а меѓу стрелците се запишаа и Шешко и Опенда.

Унион Берлин едвај стигна до триумф од 0-1 на гостувањето против нисколигашот Греифсвалд, чиј отпор беше скршен со голот на Фертесен во 67. минута.

Се вчитува...