Борусија Дортмунд им се врати на победите, Волфсбург подобар од Унион (ВИДЕО)

Екипата на Борусија Дортмунд по шокантниот „кикс“ минатото коло со Хеденхајм на домашен терен, дојде до среќна победа на гостувањето кај Фрајбург со 2-4. „Милионерите“ во финишот влегоа со играч повеќе, и тоа го искористија. Херој на Борусија беше Матс Хумелс кој постигна два гола.

Хумелс го отвори резултатот во 11. минута. Холер во втората минута од судиското надополнување од првиот дел израмни, а Хофлер во шестата минута Хофлер донесе пресврт.

Во вториот дел Борусија влезе крајно мотивирана да дојде до пресврт. Мален во 60. минута успеа да израмни, а потоа Фрајбург остана со играч помалку откако Хофлер доби црвен картон. Хумелс во 88. минута донесе предност за Борусија, за Ројс во 92. минута да ја запечати победата.

Волфсбург му нанесе втор пораз на Унион Берлин по ред. „Волците“ славеа со 2-1 со головите на Винд и Маеле. Госенс погоди за гостите.

Екипата на Келн на домашен терен загуби со 1-3 од Хофенхајм, додека Штутгарт продолжува со добрите игри и резултати откако го ослвада Мајнц со 1-3. Лајпциг продолжува со одличните настапи. Во ова коло со 3-0 го совлада Аугсбург.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...