Борусија Дортмунд ја мина „групата на смртта“, ПСЖ се спаси од ВАР пенал (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд се пласираше во 1/8 финале од „групата на смртта“, додека ПСЖ ќе стравува до последен момент за 1/8 финалето по поразот од Њукасл на домашен терен.

„Милионерите“ триумфираа во Милано, на гостувањето кај Милан, и со победата на Њукасл, го обезбедија првото место на табелата, и последниот меч против ПСЖ ќе биде само формалност. Многу случувања имаше на натпреварот во Милано, откако во 5. минута беше досуден пенал за Милан, кој го промаши Жиру, односно му го одбрани Кобел.

Затоа на другата страна во 10. минута Ројс од пенал му покажа на Жиру како се шутира од белата точка, и го однесе гостинскиот тим во предност. Сепак, Милан се созема и во 37. минута Чукуезе по една соло акција од десната страна погоди во мрежата на Кобел.

Во вториот дел проблем за Милан. Се повреди Тиао, па на клупата Пиоли немаше стопери и мораше да импровизира со Раде Круниќ. Тоа го казнија „милионерите“ и преку Бајно-Гитенс во 59. минута дојдоа до предност, а потоа Адејеми во 69. минута по грешката на Мињон донесе 1:3.

ПСЖ се спаси од пораз од Њукасл на домашен терен и дојде до бод. . Исак во 24. минута по грешката на Донарума, постигна гол за предност. ПСЖ долго се мачеше, и стигна до израмнување во 8. минута од судиското надополнување со пенал на Мбапе. „Светците“ со ова реми ги вратија шансите да дојдат до првото место во групата, ако го победат тимот на Борусија на гостински терен.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...