Борусија Дортмунд ја најде замената за Хумелс

Борусија Дортмунд потпиша договор со поранешниот капитен на Штутгарт, Валдемар Антон. Фудбалерот со узбекистанско потекло, кој беше германски репрезентативец на Евро, потпиша четиригодишен договор со својот нов клуб, а германските медиуми пренесуваат дека трансферот е вреден 22,5 милиони евра.

Минатата сезона Штутгарт заврши на второто место во Бундеслигата, зад непоразениот шампион Баер Леверкузен, а Антон настапи на 33 од 34 првенствени натпревари.

За германската репрезентација дебитираше во март годинава, а на еврото доби шанса во нокаут фазата од натпреварувањето, влегувајќи во финишот на осминафиналето со Данска (2-0) и во продолженијата на четвртфиналната средба со Шпанците.

Доаѓањето на Антон е првото засилување за новиот тренер на Борусија, Нури Сахин, кој на тој начин доби замена за Матс Хумелс кој си замина од Дортмунд.

Се вчитува...