Борусија Дортмунд денеска успеа да избори место во Лигата на шампионите, со одличните настапи во последните неколку кола во Бундеслигата. Иако тоа се чинеше невозможна мисија, сепак, на крајот „милионерите“ успеаја да дојдат до место во најелитното европско клупско натпреварување.
Многуте заслуги одат на адреса на тренерот Нико Ковач, кој ја презеде екипата на 11. место на табелата, и успеа да стигне до четвртата позиција, на општо задоволство на многубројните фанови на Борусија Дортмунд.
Кога дојде на чело на Борусија, тој потпиша договор до 2026 година, но добрите партии изразија задоволство кај челните луѓе на тимот од Дортмунд, па така сега ќе почнат преговори да му го продолжат договорот до 2027 година. Исто така челниците на Дортмунд ќе му вклучат дополнителни бонуси при освојување на титула во Бундеслигата, како и при излез во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

