Борусија Дортмунд ќе има нов тренер ако не ја победи Болоња

Екипата на Борусија Дортмунд постави ултиматум до сегашниот тренер Нури Сахин, дека ќе биде сменет ако не успее да ја победи Болоња во Лигата на шампионите.

Сахин има три порази по ред на клупата на „милионерите“ откако загуби од Леверкузен, Кил и од Ајнтрахт Франкфурт, па дуелот со Болоња во 7. коло од Лигата на шампионите, ќе му биде клучен за да ја „спаси“ позицијата.

Во случај да загуби, Сахин сигурно ќе биде сменет, а веројатно и ако одигра нерешено.

Најсериозен кандидат за замена се споменува холандскиот стручњак Ерик тен Хаг, кој пред неколку недели доби отказ од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...