Борусија Дортмунд посакува во своите редови да го задржи Џејдон Санчо, кој како позајмен во моментов е дел од „милионерите“. Позајмицата му истекува на крајот на сезоната, и тој ќе треба да се врати на „Олд Трафорд“, но Борусија има поинакви планови.
Според најавите, „жолто-црните“ ќе испратат понуда до Манчестер Јунајтед за перманентен трансфер на крилниот фудбалер. Според најавите, понудата ќе биде 35 милиони фунти, или двојно помалку за она што го плати Манчестер токму на Борусија при трансферот на овој играч.
Санчо беше во немилост на тренерот Ерик тен Хаг, кој го исклучи од екипата, по што фудбалерот се одлучи да оди на позајмица и тоа во неговиот поранешен клуб. И кај него има желба да остане на „Вестфален“, но дали ќе биде доволно сумата која ќе ја понуди, ќе зависи од англискиот тим.
Борусија Дортмунд исто сака да го откупи и Јан Матсен, кој од Челси е позајмен во таборот на „милионерите“ до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА