Борусија Дортмунд „краде“ уште еден талент од Сити

Борусија Дортмунд продолжува со политиката на носење на млади таленти, кои подоцна ги продава по десет пати поголема сума. Откако последните неколку години на „Сигнал Идуна Парк“ продефилираа двајца големи таленти во Џејдон Санчо и Џад Белингам, сега Борусија работи на доведување на трет.

Борусија наводно договорила се со Манчестер Сити околу доведување на 19-годишниот Џејдон Браф. Младиот Холанѓанец кој може да игра на сите позиции во нападот, првиот дел од сезоната беше во вториот тим на Манчестер, а потоа се пресели во Удинезе. Во 48 настапи запиша 16 голови и 4 асистенции.

Браф во минатото беше дел од ПСВ, а потекнува од младинската школа на Ајакс. Од ПСВ во 2018 заминува во Сити, но немаше ниту еден настап за сениорскиот тим на „граѓаните“.

Борусија од Манчестер Сити во 2017 година го зема Џејдон Санчо за само 5 милиони евра, и го продаде на Манчестер Јунајтед за 85 милиони летото 2021 година.

Се вчитува...