Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд договори трансфер на уште еден голем талент, кој од следната сезона ќе пристигне во таборот на „милионерите“. Махмуд Дахуд, талентираниот играч за врска на Борусија Менхенгладбах доаѓа на „Сигнал Идуна парк“, како засилување за средниот ред. Се очекува трансферот да изнесува околу 15 милиони евра.
Дахуд ќе биде второто засилување за Борусија Дортмунд за летниот преоден рок, откако претходно е договорен и ангажманот на Омер Топрак од Баер Леверкузен. За услугите на Дахуд беше заинтересиран и Ливерпул, но Борусија Дортмунд успеа да го доведе во своите редови. Тој досега има 52 настапи за Борусија Менхенгладбах и има постигнато шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА