Борусија Дортмунд не назначи веднаш тренер, „анонимус“ ќе ја води екипата против Вердер

Ерик тен Хаг ќе почека промоција во Борусија Дортмунд, откако тимот му врачи отказ на Нури Сахин по поразот од Болоња во Лигата на шампионите.

Клубот објави дека против Вердер, екипата ќе ја води тренер на младинската екипа Мајк Тулберг. „Милионерите“ соопштија дека ова е привремено решение.

Тулберг е дански тренер, кој цел живот работи како тренер во Германија. Откако ја завршува кариерата во Оберхаузен во 2011 година, почнува да се занимава со тренерскиот занает. Па беше асистент и тренер на младинците во Оберхаузен, а потоа беше и во младинските селекции на Алборг, потоа и асистент во Вендисел во Данска. Во Борусија Дортмунд доаѓа во 2019 година, најпрво како тренер на вториот тим, а потоа една година подоцна и како тренер на младинците на „милионерите“.

Таа функција ја одработи се до денеска, кога ја добива шансата да го води сениорскиот тим. Имајќи ја во предвид историјата на клубот, и случувањата околу Един Терзиќ, нема да биде изненадување ако Тулберг ја добие шансата до крајот на сезоната.

Се вчитува...