Борусија Дортмунд не запира, совладана и Херта

Борусија Дортмунд ја забележа шестата победа во низа во германското првенство откако во 21. коло славеше со убедливи 4-1 против Херта. До победа „жолтите“ ги предводеа Адејеми и Мален кои стрелаа во првото полувреме, а откако Тусар намали на 2-1 во 47. минута, Ројс и Брант со голови во 76. и 90. минута донесоа нови три бода.

Со овој триумф Борусија Дортмунд се врати во игра за првото место на табелата. Сега има 40 освоени бода и натпревар помалку од лидерите Баерн Минхен и Унион Берлин. Херта пак останува при самото дно на табелата со само 17 бода.

Се вчитува...