Раководството на Борусија Дортмунд одлучило да не му даде отказ на тренерот Един Терзиќ, и покрај тоа што екипата има само една победа на последните осум натпревари.
Терзиќ беше на удар на јавноста, а во последно време се појавија информации дека против него има и бунт во екипата, предводен од искусниот Марко Ројс.
Борусија ја заврши годината со неубедливо реми против Мајнц. Минатата сезона во последното коло ја загуби титулата во Германија. Му требаше само триумф против Мајнц на домашен терен, но екипата одигра само 2-2, и титулата одново замина во Минхен.
Екипата во моментов е на петтото место, а тимот сега бара бекови и напаѓач. На листата на бекови се најдоа Регилон од Тотенхем, кој е на позајмица во Манчестер Јунајтед. Во нападот се размислува да се донесе Тимо Вернер од Лајпциг, кој е на излезна врата од оваа екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

