Борусија Дортмунд по голема борба успеа да стигне до триумф во прсметката со Бетис, но „милионерите“ се соочија и со сериозен проблем откако најдобриот стрелец Серху Гираси заработи незгодна повреда.
Одличнот голгетер настрада во обид да стигне до една топка во противничкиот петерец, се обиде да продолжи, но стана јасно дека тоа е невозможно и самиот побара да биде заменет.
„За жал, Гираси е повреден. Има проблем со мускулот, тоа е се што можам да кажам додека ги чекаме резултатите од деталните прегледи. Дефинитивно ќе се врати по репрезентативната пауза, се надевам веднаш по паузата, но конечниот збор на таа тема ќе го имаат лекарите“, изјави тренерот Нико Ковач.
Гираси сезонава настапи на 14 средби за Борусија Дортмунд во сите натпреварувања, постигнувајќи осум погодоци, четири од нив во првите три рунди од Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
