Борусија Дортмунд пак го прескокна Лајпциг

Борусија Дортмунд славеше со 3-1 на мечот со Ајнтрахт, резултат со кој „милионерите“ повторно го прескокнаа Лајпциг и се вратија на третото место на бундеслигашката табела.

Марио Геце ги изненади своите поранешни соиграчи откако по една фуриозна контра на Ајнтрахт топката се одби до екс-милионерот, кој од работ на шеснаесетникот мајсторски ја смести во мрежата.

Тоа беше повик за будење за домашните фудбалери, кои заиграа на далеку повисоко ниво по примениот гол. Адејеми во 33. минута го израмни резултатот, а пресвртот беше комплетиран во последните десет минути, најпрвин Хумелс стрелаше со глава за водство од 2-1, пред Емре Џан во судиското продолжение од пенал да ги постави конечните 3-1 на овој натпревар.

Се вчитува...