Борусија Дортмунд по огромна драма, дури по продолженија од двапати по 15 минути успеа да го елиминира второлигашот Падерборн и да се пласира во полуфиналето од Купот на Германија. Финишот беше супер-драматичен, Халанд во 94. минута од регуларниот дел при резултат 2-1 го постигна третиот гол за Борусија, но истиот беше поништен со ВАР-одлука, истовремено и досуден пенал за Падерборн за еден несмасен старт на Паслак во шеснаесетникот на „милионерите“.
Гостите се изборија за продолженија, а таму им пресуди Халанд, кој за милиметар избегна офсајд замка на средината од теренот, истрча триесетина метри и го постигна голот за полуфинале за Борусија.
Проблем за „милионерите“ сигурно ќе претставува повредата што ја заработи Санчо во 115. минута, поради што англискиот репрезентативец сега го очекува пауза од фудбалските терени.
Пласман во полуфиналето обезбеди и Вердер, кој вечерва славеше над Гројтер со 2-0, со головите на Мохвалд и на Агу. Покрај Борусија и Вердер, дел од полуфиналните пресметки во Купот на Германија ќе бидат и второлигашот Холстен Кил и нисколигашот Есен, кој се натпреварува во регионалното натпреварување – запад.
Dortmund 3-2 Paderborn – GOAL! Haaland ?
https://t.co/CJCZQiIva2— ???? ????? (@Fastgoal2) February 2, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

