Напаѓачот на Штутгарт, Серу Гираси денеска ќе биде промовиран за нов играч на Борусија Дортмунд. Голгетерот од Гвинеја синоќа пристигна во Дортмунд, утрово ги минал лекарските прегледи, и денеска ќе се случи официјалната промоција.
Пред неколку дена Борусија Дортмунд го промовираше и Валдемар Антон исто така од Штутгарт, а од овој тим сака да го земе и Максимилијан Миделштад, левиот бек кој играше и за Германија на Европското првенство.
Третото засилување на „милионерите“ ќе пристигне во Дортмунд утре. Станува збор за Рајан Черки, досегашниот играч на Лион кој треба да дојде во таборот на Борусија како замена за Марко Ројс кој си замина од таборот на германската екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА