Борусија Дортмунд потпиша нов договор со клучен играч

Борусија Дортмунд успеа да осигура важен потпис за иднината откако денеска ја продолжи соработката со Феликс Нмеча, потпишувајќи договор за соработка до 30 јуни 2030 година.

Нмеча, кој дојде во Дортмунд во 2023 година од редовите на Волфсбург, оттогаш настапи на 108 средби за „милионерите“ постигнувајќи 13 гола и 8 асистенции. Тој во меѓувреме беше повикан и во сениорската репрезентација на Германија, со што го привлече и вниманието на неколку англиски премиерлигаши, како и од гиганти од Калчо-лигата.

Токму тоа беше причината Борусија да ги интензивира преговорите, па иако актуелниот договор на Нмеча истекуваше во јуни 2028, соработката да биде дополнително продолжена.

„Имав толку многу прекрасни искуства со овој куб, со навивачите во изминатите години, благодарен сум за укажаната доверба и желбата соработката да продолжи. Ќе сторам се да се оддолжам, давајќи се во дресот на Борусија“, изјави Нмеча по потписот на новиот договор.

Се вчитува...