Борусија Дортмунд официјално го објави идниот трансфер на 17-годишниот лев бек Кауа Пратес, кој ќе пристигне од Крузеиро во лето за проценета сума од 7+5 милиони евра. Договорот на младиот талент ќе важи до јуни 2031 година.
И покрај неговата млада возраст, Пратес веќе има одиграно 17 натпревари за клубот од својот роден град, постигнувајќи еден гол, и ќе може да стекне повеќе искуство со Крузеиро пред да се пресели во Борусија Дортмунд . Тој, исто така, има одиграно пет натпревари за репрезентацијата на Бразил до 17 години.
Самиот играч го изрази своето задоволство од овој трансфер. „Многу сум горд што ќе можам да играм за овој голем клуб од летото па натаму. Неверојатно сум возбуден и ќе дадам сè од себе од првиот ден во црно-жолтиот дрес за да бидам успешен во Борусија “, коментираше тој на веб-страницата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

