Борусија Дортмунд потврди: Гитенс е на пат кон Челси

Џејми Гитенс е на пат да стане фудбалер на Челси, потврдија од Борусија Дортмунд. Од таборот на „милионерите“ истакнуваат дека преговорите се одржуваат во САД, и дека сите детали треба да бидат договорени наскоро.

Гитенс дојде во Борусија Дортмунд од академијата на Манчестер Сити, и стана еден од најдобрите играчи на „милионерите“. Одигра 76 меча за тимот од Дортмунд, и постигна 12 голови во Бундеслигата. Мина пет години во таборот на германскиот тим.

Се вчитува...