Борусија Дортмунд се „коцкаше“, но победи со Хајденхајм (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд триумфираше со 4-2 против Хајденхајм во првиот натпревар од 3. коло во Бундеслигата.

„Милионерите“ одлично го отворија мечот со брзо водство од 2-0 со головите на Мален во 12. минута и Адејеми во 17. минута.

Пирингер во 39. минута намали на 2-1 за гостите, за да Адејеми со својот втор гол во 41. минута донесе предност од 3-1 за Борусија.

Но, домашните како да се „коцкаа“ во вториот дел дозволувајќи Хајденхајм да дојде до 3-2 со голот од пенал на Бруниг во 74. минута. Сепак, гостите немаа сили за комплетен пресврт.

Емре Чан во третата минута од судиското продолжение со голот од пенал само заокружи за конечни 4-2.

Се вчитува...