Борусија Дортмунд со гол во шестата минута во судиското надополнување, успеа да се спаси од пораз на гостувањето кај Лајпциг. „Милионерите“ беа на праг да го запишат вториот неуспех во првенството, но на крајот успеаја од 2-0, да стигнат до 2-2 и да извлечат бод.
Баумгартнер со два гола во првиот дел, го донесе својот тим во предност од 2-0, а потоа Борусија стапи на сила, и со два гола во вториот дел се извлече од ова тешко гостување.
Баумгартнер во 20. минута го постигна првиот гол по асистенција на Диоманде, а вториот во 39. минута по додавање на Раум.
Во второто полувреме Кардозо си постигна автогол, и така ја врати надежта на „милионерите“. Во 96 минута Фабио Силва успеа да го постигне израмнувачкиот погодок со кој Борусија дојде до драгоцен бод во битката за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

