После поразите од Аталанта и од Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, конечно, се врати на победите, откако ја совлада екипата на Келн на гостински терен со 1-2. Навидум требаше да биде лесен триумф, затоа што при водство од 0-2, „милионерите“ останаа и со играч повеќе откако Келн доби црвен картон уште на крајот на првиот дел.
Гираси успеа да ја казни грешката на одбраната, и да стрела во рмежата во 16. минута од средбата.
Во 60. минута Бајер постигна прекрасен гол по одлична акција до Брант, и се чинеше дека „милионерите“ имаат чист пат кон трите бода.
Сепак, Келн намали со голот на Камински во 88. минута од средбата, и потоа нападнаа жестоко да дојдат до израмнување. Имаше и една сомнителна ситуација во шеснаесетникот на гостите, откако Коуто играше со рака, но не беше досуден пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

