Борусија Дортмунд се засилува со двајца фудбалери на Челси

Борусија Дортмунд, конечно, се активира на трансфер пазарот. Го донесе само Џоб Белингем како ново име, а сега се очекува да донесе уште 4-5 нови играчи. Двајца од нив ќе дојдат од редовите на Челси.

Станува збор за играчот од средниот ред Карни Чуквуемека и стоперот Арон Анселмино. Чуквуемека веќе беше на позајмица во Дортмунд изминатите шест месеци, а сега се работи на негов пермаентен трансфер, додека Анселмино би дошол како позајмен на една сезона, со право на откуп.

Во последно време Челси и Борусија Дортмунд често си разменуваат играчи. Покрај Чуквуемека, во сезоната 2023/24, кога Борусија играше во финалето во ЛШ, во таборот на „милионерите“ позајмен беше Јан Матсен. Во спротивна насока замина Џејми Бајно-Гитенс ова лето, кој потпиша договор до 2031 со „сините“.

Се вчитува...