Борусија Дортмунд одигра уште еден сигурен меч на домашен терен во Бундес-лигата, рутински триумфирајќи над Мајнц со 3-1. Марко Ројс на самиот почеток од мечот ги доведе „милионерите“ во водство, на 2-0 од пенал зголеми Халанд, а гостите успеаја само да го ублажат поразот во самиот финиш преку Буркарт во 87. минута. Тоа не беше крај на возбудувањата бидејќи Борусија во судиското продолжение постигна и трет гол, втор за Халанд на оваа средба.
Лајпциг ниту на четвртото овосезонско гостување не успеа да стине до триумф, ремизирајќи 1-1 на дуелот со Фрајбург. Фудбалерите на Лајпциг први поведоа преку Форсберг (од пенал), но домашните фудбалери успеаја да се вратат и да стинат до бод.
Во серија слаби резултати влезе и Волфсбург, кој загуби со 2-0 од Унион Берлин за трет пораз во низа во Бундес-лигата. Авонији го отвори резултатот на почетокот од второто полувреме, а конечните 2-0 и постави Бекер.
Резултати Германија:
Борусија Д. – Мајнц 3-1, Фрајбург – Лапциг 1-1, Ајнтрахт – Херта 1-2, Гројтер – Бохум 0-1, Ун. Берлин – Волфсбург 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА