Борусија Дортмунд со една нога во следната фаза, Јувентус на „мускули“ го доби ПСВ (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд е најблиску до пласман во 1/8 финалето од сите вечерашни екипи, откако триумфираше над Спортинг во Лисабон со убедливи 0-3. Откако го „преспа“ првиот дел, тимот на „милионерите“ одигра одлично во вториот дел, и успеа да слави убедлив триумф, со кој се доближи до пласманот во следната фаза.

По првиот дел Спортинг имаше повеќе од играта и од шансите, погоди и пречка преку Араухо, а во финишот Борусија се разбуди и имаше два обиди.

Во вториот дел во 60. минута по асистенција на Бранд, погоди Гираси со глава. Овој гол како да го означи падот на Спортинг, па Паскал Грос во 68. минута по асистенција на Гираси зголеми на 0-2.

Спортинг тргна на се или ништо, а тоа донесе противнапад за Борусија, која преку Адејеми ја запечати оваа убедлива победа.

Јувентус со минимални 2-1 ќе патува на ревнаншот во Ајндховен против ПСВ. Јуве водеше со голот на Мекени во 34. минута, а потоа Перишиќ во 56. минута донесе „егал“.

Нападите на тимот од Торино дадоа плод во 82. минута кога Мбангула донесе нова предност и победа на „Старата дама“.

Се вчитува...