Борусија Дортмунд со „капитал“ од два гола ќе патува на реваншот во Бергамо (ВИДЕО)

Екипата на Борусија Дортмунд ја победи Аталанта со 2-0 во првиот меч од плеј-офот во Лигата на шампионите, и со солидна предност ќе патува на реваншот во Италија. Двата гола „милионерите“ ги постигнаа во првиот дел, а во глава улога беше Гираси кои постигна еден гол, и запиша една асистенција.

Во третата минута по одличниот центаршут на Ријерсон, Гираси со глава ја погоди мрежата на Карнесеки и така Вестфален „експлодираше“. Во 42. минута Гираси асистира до Бајер кому не му беше тешко да донесе 2-0 за Борусија.

Во вториот дел Борусија имаше повеќе шанси за трет гол, отколку Аталанта да намали, но на крајот остана 2-0. Се очекуваше Аталанта да нападне за да избегне пораз, со оглед дека одбраната на „милионерите“ беше драстично ослабена, но и нападот на италијанскиот тим не се покажа вечерва.

Се вчитува...