Директорот на Борусија Дортмунд, Ларс Рикен изјави дека клубот нема намера да го продаде германскиот репрезентативец Карим Адејеми, кој оваа сезона игра во голема форма, и досега постигна осум голови за својот тим.
Минатата зима Адејеми беше многу блиску до Наполи како замена за Каварацхелија, но на крајот крилниот фудбалер остана на „Сигнал Идуна“ и сега игра во врвна форма.
„Многу луѓе велат дека Карим моментално игра подобро од кога било со тимот на Борусија . Тој не е дефиниран само по голови и асистенции, туку работи напорно за тимот во одбраната“, изјави Рикен за „Билд“.
„Неговиот развој е исклучителен. Исто така е многу важно што нема повреди. Во Нико Ковач тој го има вистинскиот тренер. Сакаме да продолжиме да работиме со Карим на долг рок, и тоа она на кое сме фокусирани“, рече Рикен.
На прашање дали ако би добиле добра понуда би го продале Адејеми, како претходно Бајно-Гитенс, кој за 60 милиони евра замина во Челси, Рикен одговори:
„Не, не сакаме да го продадеме“, вели Рикен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

