Фудбалерите на Борусија Дортмунд барем за момент избија на првата позиција на табелата во германскиот шампионат откако денеска славеа на гостувањето кај Хајденхајм со 0-2 во меч од 3. коло од новата сезона во Бундеслигата.
„Милионерите“ поведоа со 0-1 со голот на Гираси во 32. минута, додека конечните 0-2 беа дело на Бејер во шестата минута од судиското надополнување од првото полувреме. За издвојување е и директниот црвен картон кој го доби фудбалерот на домаќини Зивзивадзе во 22. минута.
Heidenheim 0-[1] Borussia Dortmund – Serhou Guirassy 33'
byu/suedney insoccer
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО:
ХАЈДЕНХАЈМ – БОРУСИЈА Д. 0-2
ФРАЈБУРГ – ШТУТГАРТ 3-1
МАЈНЦ – ЛАЈПЦИГ 0-1
У. БЕРЛИН – ХОФЕНХАЈМ 2-4
ВОЛФСБУРГ – КЕЛН 3-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

