Борусија Дортмунд во 95. минута стигна до триумф над Сент Паули

Борусија Дортмунд стигна до нов триумф во Бундеслигата откако во 18. коло потешко од очекувањата славеше на дуелот против Сент Паули со 3-2.

Брандт во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме донесе домашна предност пред Адејеми во 54. минута да постигне гол за 2-0.

Сандс во 62. минута намали на 2-1, а десет минути подоцна Џоунс изедначи на 2-2. Кога се чинеше дека гостите ќе стигнат до значајни бодови, Борусија Дортмунд доби пенал, а реализацијата на Чан во 95. минута ги задржа сите бодови на домашен терен.

Во остнатите натпревари:

Келн – Маинц 2-1
Хофенхајм – Баер Леверкузен 1-0
ХСВ – Борусија Монхенгладбах 0-0
Волфсбург – Хајденхајм 1-1

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...