Борусија Дортмунд во јануари тргнува по напаѓачот на Штутгарт

Серху Гираси, напаѓачот на Штутгарт со одличните настапи сезонава во дресот на „швабите“, го сврте вниманието кон себе. Претходно имаше информација дека Манчестер Јунајтед би можел да го ангажира, а сега стрелецот број 2 во Бундеслигата е блиску да го засили тимот на Борусија Дортмунд.

Борусија летово го ангажираше Филкруг, го има и Халер и Мукоко, но тоа не е доволно. Халер е далеку надвор од форма, Мукоко не добива голема минутажа, и главно е игран на други позиции освен на голгетерската, па во зимскиот предоен рок „милионерите“ имаат намера да ангажираат нов голгетер.

Изборот паднал токму на Гираси, кој досега има 19 голови во сите натпреварувања за Штутгарт. Иако неговата цена е далеку поголема, сепак, голгетерот има откупна клаузула од 17,5 милиони евра, која Борусија ќе ја плати во зимскиот преоден рок за да го ангажира. Тоа би значело дека Халер би можел да си бара нова средина.

Се вчитува...