Борусија Дортмунд веќе направи тренерска смена и го именуваше Нико Ковач за нов кормилар, но во таборот на „милионерите“ не се задоволни од работата на хрватскиот стратег.
Последните информации говорат дека Борусија е во потрага по врвен стручњак кој би добил долгогодишен договор за да направи целосен ремонт, а на врвот на листата со желби се наоѓа едно име – Ралф Рангник. Интересно, Баерн Минхен водеше интензивни преговори со Рангник за да го убеди да дојде на „Алијанц Арена“ минатото лето, екс-стратегот на Манчестер јунајтед на крајот го одби баварскиот гигант за да остане селектор на Австрија, но „милионерите“ веруваат дека ќе имаат поголема среќа во преговорите.
Првиот човек на клубот, Ханс Јоаким Вацке, заедно со директорот Ларс Рикен уште во јануари се сретнале со Рангник. Засега не се водат интензивни преговори, но се очекува тоа да се случи во нареднит емесеци, кога Борусија ќе испрати и конкретна понуда. Планот е на искусниот стручњак да му биде понудено да биде нов шеф на стручниот штаб, но исто така да има и советничка улога во клубот, што ќе значи автоматски отказ за досегашниот спортски директор Себастијан Кел.
„Борусија треба да се гради од почеток, а главните луѓе во Дортмунд го ценат Рангник поради способноста да го реновира не само играчкиот кадар, туку и целиот клуб. Тој е идеално решение, но останува да се види дали ќе може да биде постигнат целосен договор“, пишува „Билд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА