На екипата на Борусија Дортмунд не и оди најдобро оваа сезона во Бундеслигата. Иако минатата година играа финале во Лигата на шампионите, сепак, во оваа целосно потфрлија.
После серијата на порази, го сменија и тренерот Нури Сахин, па сега се во потрага по нов тренер. Се споменува Нико Ковач, а Хрватот наводно сакал повеќегодишен договор, а не само на шест месеци колку што му понудиле. Се шпекулира и за преговори со Ралф Рангник, актуелниот селектор на Австрија.
Во меѓувреме Борусија се „засили“ со свој фудбалер. Тимот од Дормтунд ја прекина позајмицата на турскиот интернационалец Салих Озчан од Волфсбург и го враќа во својот тим. Причината е повредата на Феликс Нмеча, кој ќе паузира 2-3 месеци поради повреда на коленото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

