Борусија Дортмунд во шок: Младата ѕвезда одбива нов договор со трипати поголема плата

Јусуфа Мукоко, младиот напаѓач на Борусија Дортмунд го привлече вниманието кон себе откако доби шанса во првиот тим на „милионерите“ со 17 години, пред се поради тешката болест на Себастијан Халер. Мукоко сезонава на 14 меча постигна шест гола и имаше четири асистенции, а веќе му предвидуваат блескава иднина.

Мукоко поради добрите настапи во Бундеслигата, се најде и на списокот на германската репрезентација за Мундијалот во Катар, но доби шанса само на еден натпревар.

Договорот на Мукоко истекува идното лето, а од Борусија Дортмунд се во „шок“ откако младата ѕвезда вторпат одби да го продолжи договорот. Неговиот менаџер сака да го однесе во друго првенство, пред се во Англија, и од тука напаѓачот веројатно идното лето како слободен ќе си замине од таборот на „милионерите“. Дортмунд се обиде со трипати поголема плата да го „намами“ да остане, но тој во договор со неговиот менаџер засега одбива.

Овој фудбалер потекнува од фудбалската школа на Дортмунд, во младинските категории беше неприкосновен, па се вивна кон првиот ден. Но, Борусија сега е на добар пат да го загуби без да добие евро за него. Со тоа „милионерите“ би загубиле еден од големите таленти во Германија, и ќе ја повторат истата грешка како со Левандовски кој целосно бесплатно замина во Баерн.

Се вчитува...