После Лајпциг во петокот, кикс направи и тимот на Борусија Дортмунд, со тоа Баерн Минхен има шанси со триумф над Мајнц да избега на +11, и да ја направи извесна битката за титулата во Бундеслигата.
„Милионерите“ попладнево одиграа само 1-1 против Фрајбург, а на крајот Борусија имаше и среќа што не загуби, затоа што Фрајбург постигна гол во финишот за пресврт кој беше поништен од ВАР собата.
Работите одеа добро за Дортмунд се до 53. минута. Предност од 0-1 со голот на Бенсебаини, и контрола на играта, а потоа еден потег кој целосно ја сврте сликата на теренот. Џоб Белингем доби директен црвен картон, и го остави својот тим на цедило на ова тешко гостување.
Тоа го искористи Фрајбург кој преку Холер успеа да израмни во 75. минута од средбата, а потоа и да нападне за целосен пресврт. Во 87. минута Матановиќ постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

