Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд нема да му биде на располагање на тренерот Марк Роуз ни за саботниот дуел против Аугсбург откако болката во мускулите продолжува да создава проблеми кај 21-годишникот.
Како потсетување, Халанд не настапи за дортмундскиот клуб ниту на дербито против Менхенгладбах во германското првенство, ниту на дуелот од Лигата на Шампионите против Спортинг.
„Болката сеуште е многу силна. И покрај желбата на Халанд да настапи нема да може да игра против Аугсбург. Покрај Халанд ниту на Рејна, а добрата вест е враќањето на Емре Чан“, изјави тренерот на Борусија Дортмунд.
По шест одиграни натпревари во Бундеслигата, Борусија Дортмунд се наоѓа на четвртото место на табелата со скор од четири победи и два порази и заостанува четири бода зад лидерот Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА