Борусија Дортмунд игра неверојатно од самиот почеток на подготвителниот период, откако „милионерите“ славеа со неверојатни 11-2 на денешниот контролен дуел во Австрија. Ривал не им беше некој потпросечен нисколигаш, туку Австрија Виена, тим од елитното фудбалско друштво на оваа земја кој доживеа дебакл во пресметката со германскиот гигант.
Двајцата тренери изротираа многу играчи, им дадоа шанси и на помладите, а тренерот Фавр има причина да биде презадоволен од она што го виде од своите избраници. Реина ги постигна првите два гола за Борусија, а по погодоците на Гереиро и на Фераи на одмор се замина со водство на германскиот прволигаш од 4-1.
На почетокот од второто полувреме погоди и Џејдон Санчо, што беше само најава за гол-шоуто на Борусија бидејќи до крајот на мечот меѓу стрелците се запишаа и Џан, Волф, Азар, Белингам, Думан и Шулц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

