Борусија Дортмунд беше елиминирана од Купот на Германија, а згора на тоа „милионерите“ останаа и без помошта на Марко Ројс, кој се повреди на дуелот со Вердер.
Капитенот на Борусија мораше да биде заменет пред крајот на натпреварот, повредувајќи се при една убава шанса, кога при шут од десетина метри го истегна мускулот. Деталните прегледи покажаа дека повредата не е наивна, а тренерот Фавр нема да може да смета на Ројс најмалку еден месец.
Ова значи дека германскиот репрезентативец ќе го пропушти првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ, како и дуелите со Баер Леверкузен, Ајнтрахт, Вердер и Фрајбург во рамките од Бундес-лигата.
Борусија Дортмунд моментно се наоѓа на третото место во Бундес-лигата, со три бода заостанување зад лидерот Баерн Минхен.
Captain Marco Reus has in
contracted a muscle injury. According to the current status, he will be able to start training again in around four weeks. Get well soon,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА