Финансиската криза која се повеќе се продлабочува во Дортмунд значајно ќе ја намали цената на Џејдон Санчо, пренесуваат германските медиуми. Со самото тоа се отвара и шансата за репрезентативецот на Англија да се врати на домашно тло и да го потпише долго посакуваниот договор со Манчестер Јунајтед.
20-годишниот крилен играч беше огромна желба на „црвените ѓаволи“ во летниот трансфер рок, но германскиот и англискиот состав не можеа да се договорат околку цената на играчот. Борусија инсистираше на 120 милиони евра, додека Манчестер Јунајтед нудеше 105 милиони, па на крајот англискиот состав се откажа од играчот и потпиша со далеку поефтиниот Амад Дијало.
Во однос на летниот период работите се многу променети, Саначо оваа сезона не е во претпознатливата форма, и покрај тоа што на 25 одиграни средби во Бундеслигата има постигнао осум гола и 13 асистенции, а згора на тоа загубите од затворениот „Вестфален“ достигнаа 75 милиони евра, па раководството на клубот е подготвено да ја спушти цената на играчот за дури 20 милиони евра.
Младите играчи кои пристигнаа на „Островот“ од германското првенство оваа сезона не се прославија во Премиерлигата, па ни англиските клубови нема да се „залетаат“ кон доведување на младиот играч. Опција е и германскиот состав да причека со продажба до Европското првенство, каде доколку Англичанецот „блесне“, ќе може повторно да ја зголеми цената.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

