Борусија го растури Келн и се искачи на врвот на табелата

Борусија Дортмунд е новиот лидер на бундеслигашката табела откако вечерва „милионерите“ го декласираа составот на Келн со 5-0. Филип го отвори резултатот по само две минути игра на додавање на Јармоленко и ја најави победата на својот тим, а на 2-0 во финишот од првиот дел зголеми Папастатопулос. Интересно е што главниот судија најпрвин го поништи голот поради фаул над голманот, но по прегледувањето на снимката со ВАР технологија беше решено дека погодокот е регуларен.Во вториот дел на сцена стапи Обамејанг со два брзи гола, пред Филип да ги постави конечните 5-0.„Милионерите“ сега имаат десет бода по четири кола, исто колку и Хановер, еден повеќе од шампионот Баерн Минхен.All Goals & highlights HD Dortmund 5-0 FC Koln… by livefootball10

Се вчитува...