Борусија Дортмунд дефинитивно ги собира најдобрите млади фудбалери ширум светот. „Милионерите“ го имаат Џејдон Санчо, сега го донесоа и Ерлинг Халанд, но во својот табор го имаат и 17-годишниот Џио Реjна, кој блесна на вечерашниот натпревар од Купот на Германија против Вердер.
Борусија го загуби натпреварот со 3-2, но Реjна беше еден од најдобрите во таборот на гостите, одличното издание крунисувајќи го со еврогол, откако од работ на шеснаесетникот со феноменален удар ја смести топката во горниот агол од противничкиот гол.
Реjна е американски младински репрезентативец, воедно и син на поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Клаудио Реjна.
Gio Reyna. Remember the name. 17-years-old. (? @DFBPokal_EN) pic.twitter.com/bplNtKNe86
— Get German Football News (@GGFN_) February 4, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА