Десетина дена откако Томас Тухел доби отказ од Борусија Дортмунд, раководството на „милионерите“ избра нов тренер. Изборот на челниците на германскиот клуб падна врз Питер Бош, стратегот кој го одведе Ајакс до финалето од Лигата на Европа, а сега ќе се пресели во Бундес-лигата во обид да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен.
Двата клуба експресно се договорија Ајакс да добие пет милиони евра како отштета, по што холандскиот вицепрвак даде зелено светло за Бош да се пресели во Дортмунд. Промоцијата на новиот тренер на Борусија е закажана за денеска во 14.30 часот, кога Бош и официјално ќе потпише договор на две сезони со „милионерите“, со можност за продолжување на соработката за уште една година.
Прва задача за новиот тренер е да го убеди Пјер Емерик Обамејанг да остане во Дортмунд, а доколку тоа не се случи, да најде соодветна замена за најдобриот стрелец на „милионерите“ во последните неколку сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА