Борусија ќе го убедува Белингем со 150% поголема плата од сегашната

Борусија Дортмунд во следните неколку дена ќе му понуди нов договор на својот фудбалер Џуд Белингем. „Милионерите“ сакаат на секаков начин да го задржат Англичанецот во своите редови, кој има соработка со Дортмунд до 2025 година, но сака да го продолжи и така да го „стиши“ интересот од големите клубови.

Според „Билд“, Борусија ќе му понуди на игрчаот од средниот ред плата поголема за 150% од сегашната.

Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед се споменуваат како заинтересирани страни за потписот на Белингем, чија вредност се проценува на 120 милиони евра.

Се шпекулира дека Белингем ќе бара задолжителна ослободителна клаузула во договорот, со оглед дека сака да игра во поголем клуб и да освојува титули.

Оваа сезона Белингем постигна 10 гола и шест асистенции во 34 настапи за Борусија Дортмунд.

Се вчитува...