Борусија Менхенгладбах го совлада Фрајбург со 4-2 на домашен терен и се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата со 28 бода, еден повеќе од Лајпциг. Турам во третата минута донесе водство за домаќинот, но Фрајбург возврати преку Шмид само три минути подоцна.
Емболо на стартот од вториот дел донесе нова предност за Борусија Менхенгладбах, потоа и не реализира пенал, а Патрик Херман зголеми на 3-1. Холер намали, но Емболо го постави конечниот епилог на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА