Борусија продолжува да тоне, пораз и во Леверкузен

Кризата на Борусија Дортмунд уште повеќе се продлабочи откако „милионерите“ вечерва претрпеа пораз на гостувањето против Баер Леверкузен со 2-1. „Фармацевтите“ први поведоа, но Борусија успеа да израмни преку Брант, со неговиот прв бундеслигашки гол по пауза од дури 12 месеци. Гостите од Дортмунд се обидоа да стигнат и до втор гол, но едно невнимание во одбраната му овозможи на Верц да се најде осамен на работ од шеснаесетникот и да го матира голманот Бурки.

Борусија продолжува да тоне на табелата, па лесно може да се случи и привремениот тренер Терзиќ уште сега да добие отказ, а на негово место да биде доведен некој поискусен стратег.

Хофенхајм како гостин ја совлада Херта со 0-3 со головите на Руди и на Крамариќ (два), додека Мајнц на домашен терен загуби од Волфсбург со 0-2.

Се вчитува...